Како јодот може да помогне во случај на нуклеарна војна?

јод
Јод / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Светот стравува од можноста за нуклеарна војна имајќи ги предвид случувањата во Украина. Затоа деновиве во Австрија, Германија и Украина, но и кај нас, во големи количини се купуваат брашно, шеќер, сол, масло и таблети калиум јодид кои се
земаат за време на тешки нуклеарни несреќи и зрачење, како што беше случајот со Чернобил во 1986 година, пишува „Heute“.

Рускиот напад врз Украина доведе до голема побарувачка за таблети калиум јодид во Австрија , како што потврди и Комората на фармацевти. Се верува дека во случај на радиоактивно зрачење, таблетите може да жтитат од апсорпција на радиоактивен јод во тироидната жлезда и може да спречи појава на малигни заболувања на тироидната жлезда.

Стабилниот јод од таблетите привремено ја заситува тироидната жлезда, што ја блокира апсорпцијата на радиоактивен јод. Меѓутоа, властите во Австралија изјавија дека овие таблети никогаш не треба да се земаат без консултација со лекар. Причината е што овие таблети се земаат во точно одредено време во случај на голема потреба, за калиум јодидот да го развие своето заштитно дејство.

Фото: Профимедиа

Како и што лекува јодот?

Јодот е ефикасно антивирусно и антибактериско средство со долга историја на употреба како средство за чистење рани и дезинфекција. Некои веруваат дека повидон јод може да го забрза заздравувањето на раните и да ја намали потребата од антибиотици. Многумина го користат и за чистење на разни предмети во домот, како и за дезинфекција на рацете за време на настинки и грип, а познато е и дека се користи за намалување на вирусни и бактериски инфекции, преку методот „гаргара“.

Ефикасен антивирусен и антисептик

Одамна е познато дека јодот може да убие бројни вируси. Последната тешка пандемија на грип беше предизвикана од вирусот Х1Н1 во 1918 година. Американскиот центар за контрола и превенција на болести проценува дека 500 милиони луѓе, или една третина од светската популација, биле заразени. Во светот имаше 50 милиони смртни случаи, кои според лекарите биле поврзани со таа инфекција.

„Бурнет и Стан во 1945 година открија дека нанесувањето јод на носот на глувче спречува животното да се зарази со живиот, дифузен вирус на грип. Препорачаа да ги натопуваат маските со јод за да се спречи ширењето на вирусот. Исто така препорачаа медицинскиот персонал да воведат јод во лекувањето на пациентите со висок степен на инфекција“, во своето истражување за јод, пишува д-р Дејвид Дери.

Студијата на која се повикува е објавена во австралиското списание за експериментална биологија и медицинска наука во септември 1945 година. Наскоро, во 1950-тите, повидон јод почна да се користи како „ефикасен антисептик и средство за дезинфекција со широк спектар“.

јод
Јод / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Јодот како моќно оружје против вирусни инфекции

Нерамнотежата на јод влијае на функцијата на тироидната жлезда, што пак влијае на многу други системи во вашето тело. На пример, кога тироидната жлезда не функционира во целост, тоа може да доведе до срцеви заболувања.

Ако страдате од хипотироидизам, тоа може да го забави вашиот пулс, да ги направи вашите артерии помалку еластични и да го зголеми вашиот крвен притисок. Хипертироидизам е поретко и може да предизвика вашето срце да чука побрзо и да предизвика нарушувања на срцевиот ритам. Атријалната фибрилација е најчеста, при што горните комори на срцето се движат несоодветно.

Како јодот го спречува ширењето на вирусот?

Постојат неколку начини да се користи јод дома што може да помогне во забавување или запирање на ширењето на вирусот. Размислете за наоѓање природни производи за чистење и стерилизирање на рачките на вратите, телефоните и рацете. Тие можат да бидат особено корисни за време на настинки и грип, но и на актуелниот коронавирус.

Побарајте раствор од повидон-јод за да го забавите ширењето на вируси и бактерии. Истовремено, периодот на опоравување од настинки и вируси може да се скрати, вели д-р Меркола, лекар-остеопат и поборник за алтернативен третман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот