Кај Бугојно ексхумирани три тела, веројатно се работи за Хрвати убиени во 1993 година
Примероци од телата ќе бидат испратени на ДНК анализа за со сигурност да се утврди идентитетот на убиените, додаде тој.
Три тела се ексхумирани од масовна гробница кај Бугојно и најверојатно се работи за хрватски воени и политички личности кои во 1993 година се убиени од страна на припадници на бошњачката Армија на БиХ, објавија властите.
„Несомнено се работи за бугојанска група. Ексхумирани се комплетните посмртни останки на три лица“, рече за Хина Марко Јуришиќ од Институтот за исчезнати лица.
Група од 21 службено лица се одведени во летото 1993 година од логорот – стадион Искра во кампот на муџахедини, исламски војници кои се бореа на страната на Армијата на БиХ, на платото Ростово, по што им се губи секаква трага. Нивното исчезнување е забележано од страна на УНХЦР и Црвениот крст.
Досега се пронајдени просмртните останки на две лица од таа група. Јуришиќ рече дека во следните денови ќе се продолжи со ексхумација на локацијата Тврдуље на Ростово за која постојат индиции дека крие и други тела на убиени Хрвати.
Примероци од телата ќе бидат испратени на ДНК анализа за со сигурност да се утврди идентитетот на убиените, додаде тој.
Припадниците на Армијата на БиХ протераа речиси 15.000 Хрвати од Бугојно, а во логорите беа затворени 1.643 Хрвати. Убиени се 90 војници и цивили.