Кадри Весели не даде детали по тричасовниот распит во Хаг: ОВК се спротистави на српскиот геноцид во Косово

Фото: Газета експрес

После три часа заврши распитот на поранешниот претседател на Собранието на Косово, Кадри Весели, од страна на Специјалниот суд во Хаг.

Поранешниот командант на ОВК, после излегувањето од распитот не кажа во какво својство бил повикан од страна на судот.

-Како што јавно ветив, денеска се појавив на судење. Заврши мојот распит. Деведесетите години беа тешки за нашиот народ. Нашето Движење, ОВК, се спротистави со српскиот геноцид. Војната на ОВК беше против етничкото чистење, кое беше цел на Србија во Косово – истакна Весели.

Специјалниот суд со седиште во Хаг, познат во косовската јавност како „Суд за ОВК”, го водат меѓународни обвинители и судии. Формалната работа ја започна на 14 јануари годинава, со испитувањето на еден од поранешните команданти на ОВК.

Покана да се јават пред oбвинителството, во својство на осомничени или сведоци за злосторства против цивилното албанско и српско население во Косово за време и по последната војна со Србија, според досегашните информации, имаат добиено околу 300 поранешни водачи или други припадници на ОВК.

Меѓу оние кои добија покана е и поранешниот командант на ОВК Рамуш Харадинај кој, поради тоа, во јули годинава поднесе оставка од премиерската функција, по што беа распишани вонредни парламентарни избори, кои се одржаа на 6 октомври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот