фото: facebook.com/macedonianbasketball

Кадетите не ја победија ниту Ирска на Европското првенство во Скопје

После стартниот пораз од Кипар, денеска македонската кадетска кошаркарска репрезентација на Европското првенство од Дивизија „Б“ во Скопје загуби од Ирска со 70:67.

Уште еднаш, втора вечер по ред, кобна за нашите кадети беше последната четвртина. Онаа во која им дадовме на борбените Ирци да дадат дури 27 поени, од друга страна, избраниците на селекторот Нермин Пепиќ дадоа само 11, и на крајот мораше да се помират со уште еден пораз со кој ги сведоа на теорија шансите за пласман во ТОП 8 фазата.

Одиграа нашите млади кошаркари добри три четвртини, во кои имаа постојана предност, но уште еднаш застанаа во последните 10 минути, кои најчесто се и решавачки за конечниот исход.

Крајно неповолен за Македонија, која во третото коло, утре вечер, ито така од 18.30 часот, ќе игра против селекцијата на Полска.

На овој натпревар против Ирците, капитенот Ѓиноски уфрли 19 поени, Сотир имаше 16, Чучанов 11, а Рајковски заврши со 10.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот