профимедиа

Каде исчезна ФРАНЦУСКАТА ПРВА ДАМА?

Француската прва дама Брижит Макрон последен пат е видена на средината на минатиот месец, кога беше во придружба на својот сопруг, претседателот Емануел Макрон на традиционалната воена парада во Париз.

Два дена потоа, некои француски медиуми објавија дека Брижит пристигнала во приватната клиника „American Hospital of Paris”, каде имала закажани консултации со докторите, за ден подоцна да се најде на операциската маса.

профимедиа

Во болницата пристигнала во друштво на телохранителот. Наводно операцијата траела три часа, но за што станува збор, не е познато. Се шпекулира дека таа применила операциски зафати за подмладување.

Инаку токму оваа приватна париска клиника одамна е позната меѓу богатите и славните кои своето тело и лице со целосна доверба им го доверуваат на најголемите експерти.

– Операцијата поминала без никакви проблеми, а пензионираната учителка клиниката ја напуштила истата ноќ, се вели во медиумските објави.

профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот