Качински: На Полска добро би и дошло нуклеарно оружје

арослав Качински
Јарослав Качински/ Фото EPA-EFE/WOJCIECH OLKUSNIK

Лидерот на владејачките полски конзервативци Јарослав Качински денеска во Мишков изјави дека Полска ќе има корист од нуклеарното оружје, но дека тоа во моментов не е можно.

-Сакаме да имаме силна армија од сите аспекти, освен што не планираме да имаме нуклеарно оружје, бидејќи тоа во моментов е невозможно, иако би било корисно за нас, рече Качински на средбата со жителите на Мишков, во југозападна Полска.

Тој информираше за обидот на официјална Варшава да ја искористи војната во Украина и заканата на Русија за да ја вооружи Полска со нуклеарно оружје барем преку американската програма за нуклеарно споделување, во која пет земји во Европа имаат нуклеарно оружје стационирано во нивните бази и можат да го користат по одобрение од САД, изјави на 5 октомври полскиот претседател Анджеј Дуда.

-Проблемот е пред сè што немаме нуклеарно оружје. Ништо не укажува дека Полска би можела да го има во блиска иднина. Секогаш постои потенцијална можност за учество во Програмата за нуклеарно споделување. Разговаравме со американските лидери дали САД размислуваат за таква можност

-Темата е отворена, рече Дуда во интервју за неделникот Газета Полска.

Претседателот Дуда и неговото тврдење за разговорите меѓу Варшава и Вашингтон веднаш беа демантирани од Пентагон и американската администрација.

-САД не планираат да распоредат нуклеарно оружје на територијата на членките на НАТО кои се приклучија на Алијансата по 1997 година, изјави портпаролот на Стејт департментот Ведант Пател.

Лидерот на полската опозиција, долгогодишен поранешен премиер, а потоа и претседател на Европскиот совет, Доналд Туск, ги коментираше напорите на актуелната влада да дојде до нуклеарно оружје предупредувајќи дека не знае дали тогаш Русите треба да се плашат, но Полјаците секако треба.

-Влада со толку лоши квалификации, такви глупости, кога таа би имала и нуклеарно оружје, не знам дали Русите би се исплашиле, но ние (Полјаците) навистина би морале да се плашиме. Додека овие политички чудовишта владеат со нашите животи избирам да немаме на располагање атомско оружје, одговори Туск.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот