Јункер: Срамна неспособност на европските лидери за блокадата на Македонија и Албанија

Фото: МИА

Претседателот во заминување на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, за својот последен ден на оваа функција прифати да биде автор на дневниот уреднички коментар на Политико Европа.

Јункер се навраќа на слабостите и успесите на неговиот петгодишен мандат на чело на европската извршна власт.

За него, неотоврањето преговори со Северна Македонија и Албанија во октомври претставува изневерување на ветеното кон овие две земји.

-Ако силата на Европа лежи во тоа да бидеме партнер од доверба, некој на кој може да се смета за да го одбрани глобалниот поредок заснован на мултилатерални правила, нашата слабост лежи во тоа што не ги одржуваме нашите ветувања – нашите и оние на нашите меѓународни сојузници. Најдобар пример е нашата политика за проширување и срамната неспособност на европските лидери да си ги одржат ветувањата за отворање пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија откако овие влади ги исполнија потребните критериуми. Почитта мора да се добие и ако сакаме да го одржиме нашиот кредибилитет, мораме да го сториме тоа што сме рекле дека ќе го сториме – внатре и надвор, напиша Јункер во својот проштален коментар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот