фото: твитер

Јунајтед е последниот четвртфиналист во ФА купот (ВИДЕО)

Лук Шо и Одион Игало се најзаслужни за денешната победа на „црвените ѓаволи“ на гостувањето кај екипата на Дерби Каунти…

Вечерва на „Прајд Парк“ се одигра и последниот осминафинален натпревар во ФА купот, Манчестер јунајтед како гостин ја оправда фаворитската улога против Дерби (0:3).

Екипата на Оле Гунар Солскјер поведе во 33. минута со голот на Лук Шо, а седум минути подоцна Одион Игало успеа да ја зголеми предноста.

Нигерискиот интернационалец Игало во 70. минута го постигна и вториот погодок на средбата за поставување на конечниот епилог.

Веќе се познати и четвртфиналните двојки во ова англиско фудбалско натпреварување, „црвените ѓаволи“ во наредната фаза ќе ги одмерат силите против Норич сити.

Четвртфинале, ФА куп (двојки) –

Шефилд јунајтед – Арсенал
Њукасл – Манчестер сити
Норич сити – Манчестер јунајтед
Лестер сити – Челзи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот