ЈСП: Платата на вработените не доцни, постои политичка тенденција за вештачка криза

автобус на ЈСП

После најавите дека автобусите на ЈСП утре нема да сообраќаат низ Скопје, поради неисплатени плати, вечерва преку соопштение реагираа од ЈСП.

Од таму велат дека платите не доцнат, и дека во моментов се на одобрување со пресметки за дополнителни работни часови и прекувремена работа.

„Платата на вработените во ЈСП не доцни. Платите се исплаќаат редовно во тековниот месец за разлика од платите кои во Македонски Пошти доцнат шест месеци, платите во МЗТ доцнат три месеци, потешкотии со исплата на плати има и во скопските општини.

Платите во ЈСП Скопје се на одобрување со доставени пресметки од овој месец со дополнителни работни часови, ноќна и прекувремена работа.

Веруваме дека повторно постои политичка тенденција да се создаде вештачка криза таму каде што не постои.“, вели портпаролката на ЈСП, Деспина Трајкова Димова.

Со апсолутно мнозинство донесена одлука за давање субвенции на ЈСП Скопје

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот