ЈП „Улици и патишта“ ги отстранува дефектите на семафорите низ Скопје

Фото: Јп „Улици и патишта“

Екипите на ЈП „Улици и патишта“, одговорни за одржување на сообраќајната сигнализација на градските улици, деновиве интензивно ги отстрануваа дефектите и оштетувања на семафорите на крстосниците низ Скопје.

Интервенирано е на крстосниците на булевар Митрополит Теодосиј Гологанов со улица Московска, на булевар АСНОМ со булевар АВНОЈ 1 и АВНОЈ 2, каде имало оштетени лантерни на порталните семафорски столбови, кои се заменети.

Заменети се и старите семафорски уреди со нови на крстосницата на булевар Трета Македонска Бригада со улицата Фрањо Круз, додека пак на булевар Гоце Делчев кај МРТВ семафорскиот столб кој беше оштетен во сообраќајка е  заменет со нов, а монтирани се и нови возачки и пешачки лантерни.

Дефектите на семафорите се случуваат од различни причини, од временските услови, несовесни возачи и сообраќајни незгоди, поради дотрајаност на опремата, поради исклучување на струјата итн – објаснуваат од ЈП „Улици и патишта“.

Оттаму објаснуваат дека и понатаму продолжуваат со редовната обиколка и контрола на светлосната сигнализација на градските крстосници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот