ЈП „Лајка“: Редовно се интервенира на гробиштата во Бутел, последниве денови заловени 15 кучиња

Кучиња скитници
Кучиња скитници / Фото: МИА

Заловувачките екипи на ЈП „Лајка“ во изминатиот период повеќепати интервенирале во општина Бутел и на градските гробишта и само во последните 10 дена се заловени 15 улични кучиња на оваа територија. Ова го тврдат од јавното претпријатие по пишувањето во медиумите дека на гробиштата во Бутел постојано има бездомни животни кои се хранат по гробовите, напаѓаат и касаат граѓани.

Оттаму објаснуваат дека заловувачките служби на ЈП „Лајка“ постапуваат на сите градски локации, таргетирајќи ги прво клучните жаришта, по што се спроведени интервенции во Бутел, кај гробиштата и во деловите каде поради зголемени извори на храна секогаш има повеќе бездомни кучиња.

Притоа, со оглед на тоа дека општина Бутел ги нема воопшто подмирено своите финансиски обврски кон претпријатието, „Лајка” сепак со своите заловувачки тимови постојано реагира и постапува на терен на различни локации во оваа градска општина. ЈП „Лајка“ е свесна за проблемот со кој се соочуваат граѓаните на градските гробишта во Бутел, активно работи во разрешување на истиот и ќе продолжи и во следниот период стратешки да постапува на терен на оваа критична локација, со цел хуман третман на заловените единки во прифатилиштето и спречување на зголемувањето на популацијата на бездомни кучиња – велат од претпријатието.

Од „Лајка“ ги упатуваат граѓаните кои сакаат да пријават бездомно куче или глутница, тоа да го сторат на електронската адреса [email protected] или телефонски на 02/256 58 59. Врз основа на поднесената пријава ќе биде изготвен налог по кој ќе биде постапено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот