
Јовески за случајот со шестгодишната Јана: Го немаме извештајот од извршената обдукција, обезбедуваме други докази
До Јавното обвинителство не е стигнат протоколот за извршена обдукција на телото на шестгодишната Јана, но работат на обезбедување на други докази. Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески денеска изјави дека сослушани се повеќе лица за кои што Обивинителството смета дека имаат сознанија да помогнат околу расчистување на случајот.
Препорачано
Јавниот обвинител од Обвинителството во Битола ги презема неопходните мерки и обезбедува докази во врска со смртта на девојчето. Се уште протоколот од извршената обдукција Обвинителството не го добило. Во исто време обвинителството работи на обезбедување и на други докази, сослушани се повеќе лица за кои што обвинителството смета дека има сознанија да помогнат во расветлување на овој случај, вели Јовески.
Во Битола и Скопје вчера под мотото „Правда за Јана – Сите сме Јана“ се одржа протест на кој граѓаните го изразија револтот од случајот со шестгодишната Јана Христовска, која почина во битолската болница пред една недела. Семејството обвинуваше за пропусти во лекувањето на девојчето, но од Државниот здравствен и санитарен инспекторат не најдоа лекарски грешки во случајот.
Таа почина на 22 март откако прими инфузија во Клиничката болница во Битола. Според исказот на родителите, шеќерот потоа и се покачил од 9 на 19 единици и ситуацијата се искомплицирала. Државниот здравствен и санитарен инспекторат соопшти дека немало пропусти во лекувањето и кај девојчето се јавиле проблеми со срцето.