Јовановиќ од Виенскиот Институт: Производството од Азија се враќа во Европа – тоа е нова шанса за Западен Балкан

Според Виенскиот економски институт земјите од Западен Балкан би можеле да имаат корист од трендот на враќање на производството од Азија во Европа.

Овој тренд може да им биде од корист на земјите од регионот и да донесе директни инвестиции од неколку милијарди евра.

Сепак, за да се постигне тоа, смета Виенскиот институт, тие мора да инвестираат во образовниот систем и изградбата на транспортната инфраструктура.

-Поради протекционистичките тенденции во светската трговија, уште минатата деценија беше иницирано враќањето на производството од Азија во близина на старите индустриски земји, рече македонскиот економист Бранимир Јовановиќ, кој е дел од тимот на Виенскиот институт.

Тој посочи дека враќањето на производството ќе се интензивира во Европа по пандемијата.

Студијата, чиј коавтор на Јовановиќ, е подготвена во соработка со стопанските комори во регионот и финансирана од германското Министерство за економска соработка и развој.

-Економиите на Западен Балкан би можеле јасно да имаат корист од враќањето на производството, доколку го извршат својот дел од задачата, рече Јовановиќ, додавајќи дека тоа јасно го покажа истражувањето на Германската стопанска комора.

Иако само мал дел од анкетираните компании спроведуваат промена во синџирот на снабдување и производство, ова може да донесе повеќе милијарди долари директни инвестиции во земјите од Западен Балкан, посочува Виенскиот институт.

Потсетува и дека германските компании инвестираа 2,5 милијарди евра во Западен Балкан во периодот од 2010 до 2019 година и 1,7 милијарди евра ширум светот.

„Овие податоци покажуваат дека има уште многу простор за другите западноевропски инвеститори, како што се Холандија, Швајцарија и Австрија“, додаде Јовановиќ.

Студијата на Виенскиот економски институт препорачува земјите од Западен Балкан, покрај отстранувањето на „старите проблеми“, како што е политичката нестабилност, да го променат и инвестициското опкружување.

– Пониските трошоци за плати и ниските даноци повеќе не играат одлучувачка улога. „Странските инвеститори првенствено бараат добро квалификувана работна сила и инфраструктура“, рече Јовановиќ.

Според него, ова бара поголеми расходи за образовниот систем, зголемен фокус на дуалното образование и изградба на транспортна инфраструктура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот