Бела и Јоланда Хадид - Фото: Инстаграм

ФОТО | Јоланда Хадид го опиша страдањето на Бела поради Лајмска болест: „Ќе продолжиме да се бориме заедно“

Јоланда Хадид детално ги опиша страдањата низ кои поминува нејзината ќерка Бела Хадид за време на третманот за Лајмска болест. Имено, Хадид сподели серија фотографии со Бела на својот Инстаграм и искрено зборуваше за тоа колку болка претрпела нејзината ќерка неодамна.

„Ја гледам мојата Бела како се бори во тишина и тоа буди најголема безнадежност во мене. Невидливата попреченост на хроничната Лајмска болест е тешко да се објасни и разбере. Мојата болка не може да се спореди со тоа како страда моето бебе“, рече таа.

Јоланда, на која ѝ беше дијагностицирана Лајмска болест во 2012 година, рече дека во последниве години престанала да зборува за својата битка и се фокусирала на лекување. Таа ја нарече својата ќерка воин кој издржал сè во тежок период.

„До мојата прекрасна Белита: Ти си неуморна и храбра. Ниедно дете не треба да страда во своето тело од неизлечива хронична болест. Ти се восхитувам на твојата храброст и подготвеност да продолжиш да се бориш за твоето здравје и покрај многуте неуспеси со кои се соочи. Едноставно нема доволно зборови за темнината, болката и непознатиот пекол низ кој помина откако ја доби дијагнозата. Не си живеела навистина, туку си научила како да постоиш во затворот на сопствениот парализиран мозок“, напиша таа.

Понатаму таа рече дека е многу горда на својата ќерка затоа што е огромен борец.

„Знам дека Бог е добар, чуда се случуваат секој ден. Оваа болест нè фрли на колена, но секогаш стануваме. Ќе продолжиме да се бориме за подобри денови заедно. Те сакам толку многу, храбра моја“, напиша таа.

Објавата на Јоланда дојде само еден ден откако Бела сподели фотографии од нејзиниот болнички кревет, извинувајќи се за нејзиното неодамнешно отсуство од јавниот живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by YOLANDA (@yolanda.hadid)

Приклучена на инфузија

Бела Хадид предизвикува загриженост објавувајќи фотографии од болничкиот кревет:

„Жал ми е што исчезнувам толку често“

На Бела ѝ беше дијагностицирана Лајмска болест во 2012 година, како и на нејзината мајка и помладиот брат Анвар. Таа првпат јавно проговори за тоа во 2016 година. Лајмската болест е предизвикана од бактеријата Borrelia, која се пренесува со каснување од црноног крлеж, познат и како „еленски крлеж“. Во потешки случаи, болеста може да се прошири на нервниот систем.

Компликациите што се јавуваат кај лајмската болест вклучуваат вкочанетост, болка, слабост, парализа на мускулите на лицето, нарушувања на видот и симптоми како што се треска, вкочанет вратот и силна главоболка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот