Јелен смета дека Кина и САД имаат одговорност да работат заедно

Министерката за финансии на САД, Џенет Јелен/ Фото EPA-EFE/Greg Nash / POOL

Светот очекува САД и Кина да соработуваат како две најголеми светски економии, рече американската министерка за финансии Џенет Јелен на форумот во Париз на кој се разговараше за идеите за таканаречениот нов глобален финансиски пакт и за олеснување на должничкиот товар на сиромашните земји и одобрувањето на финансирањето на борбата против климатските промени.

„Како две најголеми светски економии, имаме одговорност да работиме заедно на глобалните прoблеми“, рече Јелен на завршниот панел на кој меѓу другите лидери беше и кинескиот премиер Ли Кечијанг.

„Тоа е нешто што можеме да го направиме. Тоа е нешто што светот го очекува од нас“, додаде Јелен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот