Јелен: Санкциите кон други земји претставуваат ризик за доларот

Џенет Јелен/ Фото EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Американската министерка за економија Џенет Јелен вчера изјави дека економските санкции воведени од страна на САД, првенствено кон Русија, претставуваат ризик за „хегемонијата“ на доларот, бидејќи санкционираните држави се обидуваат да изнајдат алтернатива за американската валута.

– Постои ризик кога користиме финансиски санкции кои се поврзани со улогата на доларот … Тоа може да ја поткопа хегемонијата на доларот на долг рок … Сепак, доларот се користи како глобална валута и тоа им отежнува на другите земји да најдат алтернатива, изјави Јелен за телевизиската мрежа Си-ен-ен.

Според неа, Кина, Русија, Иран и други земји сакаат да најдат алтернатива за доларот.

Јелен потенцира дека економските санкции се „исклучително важна алатка“ што ја користат земјите сојузници на САД против Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот