Јапонската амбасада донира комунално возило на Пробиштип

Јавното комунално претпријатие „Никола Карев” – Пробиштип денеска доби ново возило за собирање на смет со носивост од 5,5 метри кубни.

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастадов вели дека донацијата е во вредност од 4.2 милиони денари од страна на Јапонска амбасада, со што упати и голема благодарност до јапонскиот народ за донацијата.

– Со ова возило значително се подобруваат комуналните услуги во нашата општина. Општина Пробиштип во наредниот период преку проектот за современ систем за управување со отпад, односно регионална депонија кај Мечкуевци добива уште три возила за собирање на смет. Но, уште позначајно е што веќе следната година оваа регионална депонија ќе започне со работа, а тоа ќе значи затворање на локалните депонии и селекција и преработка на отпадот, а со тоа и директно подобрување и зачувување на животната средина, вели Анастасов.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот