
Јапонската актерка од хорор филмот „Ring“ пронајдена мртва во домот
40-годишната јапонска актерка Јуко Такеучи е пронајдена мртва во својот стан во Токио. Полицијата покрена истрага, а според пишувањето на медиумите, оваа наградувана актерка, мајка на две деца, најверојатно извршила самоубиство.
Препорачано
Телото на актерката го пронашол нејзиниот сопруг, исто така актер – Таики Накабајаши, а докторите во болницата можеле само да ја констатираат смртта, пренесува BBC.
Japanese actress Yuko Takeuchi found dead at 40 https://t.co/W0KNWJV7kT
— BBC News (World) (@BBCWorld) September 27, 2020
Такеучи беше позната актерка во Јапонија, а најмногу ја познаваа по улогата во познатиот јапонски хорор филм „Ring“ од 1998 година. Светска популарност стекна играјќи во серијата „Miss Sherlock“ во продукција на HBO.
Иако се уште не е официјално потврдено дали актерката си го одземала животот, ова е само еден од многубројните случаеви на самоубиства на познатите, талентирани луѓе во Јапонија.
На почетокот на овој месец самоубиство изврши и познатата јапонска актерка Сеи Ашина, а во јули актерот Харума Миура и боречката ѕвезда Хана Кимура во мај, наведува BBC.
Јапонија ја има една од највисоките стапки на самоубиства во светот, иако најновите податоци покажуваат дека бројката бележи пад откако се преземени превентивни мерки во 2015 година, соопшти Светската здравствена организација.