Јапонија најави донација од 17 милиони дози вакцини против Ковид-19

Фото: EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Јапонските власти најавија дека ќе донираат 17 милиони дози вакцини Астра Зенека на азиските земји.

Јапонскиот министер за надворешни работи Тошимитсу Мотеги изјави дека Јапонија следната недела ќе донира по еден милион дози вакцини на Индонезија, Малезија, Филипини и Тајланд.

– Во тек се завршните подготовки за испорак”, рече Мотеги, додавајќи дека исто така се подготвува и донација од по еден милион дози вакцини за Тајван и Виетнам, на кои Јапонија веќе им донираше 1,24 милиони, односно милион дози вакцини.

Во исто време, јапонските власти најавија дека ќе донираат 11 милиони дози вакцини на земјите од Југоисточна и Југозападна Азија и островите во Пацификот. Оваа донација ќе се спроведе преку Глобалната програма на Обединетите нации КОВАКС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот