Јанева пред ревизорите се соблекла по долна облека, дадена и е инекција за смирување

Фото: Драган Митрески

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева денеска во Државниот завод за ревизија почнала да се соблекува и останала во долна облека додека ревизорите и ги презентирале наодите од ревизијата за финансиското работење на СЈО, пишува телевизија Телма.

На полицајците Јанева прво им кажала дека и е доста од сè и почнала да се соблекува. Потоа била повикана итна помош и и е дадена инекција за смирување, а таа е префрлена во станот каде ја издржува мерката домашен притвор.

-Во 10:30 часот  К.Ј (1965) по наредба од Основен кривичен суд Скопје била спроведена во Држвен завод за ревизија  во Палатата „Емануел Чучков”, каде го нарушила јавниот ред и мир со дрско и непрстојно однесување на јавно место. Сочинет е записник за констатираниот прекршок, соопштија од МВР.

Од ДЗР велат дека Јанева била повикана во својство на одговорно лице на СЈО.

-Јанева беше повика во врска со извршената ревизија на усогласеност, согласно Годишната програма за работа на ДЗР за 2020 година, а за потребите на одржување на завршен состанок- велат за „Слободен печат“ од ДЗР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот