
„Ја гушеше и ја удираше во ѕидот, се плашев дека ќе ја убие“: Потресно сведоштво на роднина на сопругот на Дениз Ричардс
Во јавноста излегоа нови шокантни детали од случајот меѓу холивудската актерка Дениз Ричардс и нејзиниот сопруг, Арон Фајперс, кој неодамна беше обвинет за семејно насилство и закани со убиство.
Препорачано
Роднината на Фајперс, Катлин Мекалистер, сведочеше пред суд и изјави дека лично видела како актерот ја притиснал Ричардс кон бетонски ѕид и ја гушел додека не ја удрил главата.
„Ја гушеше и нејзината глава удри во ѕидот, што предизвика потрес на мозокот. Беше вознемирена, дезориентирана, се плашев дека ќе умре“, изјави Мекалистер, која со него работела од 2017 до 2022 година во неговиот центар за холистички третмани во Малибу.
Катлин тврди дека не се работи за изолиран случај, туку за години на малтретирање. Според неа, во 2022 година имало уште еден физички судир, кога Арон ја удрил актерката со главата во држач за тоалетна хартија во неговата канцеларија. Таа тврди дека неколкупати Денис ѝ се обраќала по пораки, барајќи помош додека се криела во бањата, исплашена од неговото однесување.
„Од јануари до мај 2022 година имаше постојани караници, викање и насилство. Го видов и моментот кога ѝ удри шамар, по што веднаш доби голема модринка под окото“, рече Мекалистер.
Таа додаде дека во многу ситуации бил присутен и алкохол, а Фајперс, како што изјави, „избувнувал во бес и се заканувал дека ќе ги убие двете ако некоме кажат“.
Во судските документи, Дениз Ричардс навела дека за време на целиот брак била изложена на постојано физичко и психичко малтретирање
„Арон ме гушеше, ме стегаше за раце, ме удираше по лице, ја забиваше мојата глава во ѕид, ми се закануваше дека ќе ме убие. Ми го хакираше телефонот и лаптопот, ги следеше моите пораки. Ме притискаше со коленото на грбот додека не го молев да ме пушти за да преживеам“, стои во нејзината изјава.
Таа навела дека актерот станал параноичен, верувајќи дека поставила прислушувачи во неговиот дом и канцеларија, што довело до нови напади. Судијата ѝ одобрил привремена забрана за приближување, според која Фајперс мора да биде најмалку 91 метар оддалечен од неа, нејзиниот дом и имотот.
Фајперс ги негира сите тврдења и тврди дека токму Ричардс била насилна. Во писмо до пријателите, тој ја обвини дека е зависна од лекови против болки, адерал и алкохол, додавајќи дека „со години не јаде нормални оброци и паѓа во несвест од комбинации на супстанци“.
Актерот, кој ова лето поднесе барање за развод по шест години брак, во истото писмо ја обвини сопругата и за неверство, наведувајќи дека пронашол експлицитни пораки на нејзиниот телефон.
„Ме молеше да не ја оставам, тврдеше дека тоа не значи ништо. Но кога најдов уште пораки, продолжи да лаже. Таа вечер ми испрати порака дека ќе поднесе барање за развод“, напишал тој, додавајќи дека во еден од инцидентите го нападнала физички.
Дениз Ричардс и Арон Фајперс треба да се појават на суд оваа недела, каде што ќе се разгледуваат доказите и сведоштвата за наводното семејно насилство.