Извор близок до палатата тврди: Кејт Мидлтон била принудена набрзина да објави дека има рак!

Фото: BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Кејт Мидлтон, принцезата од Велс на 22 март потврди дека ѝ е дијагностициран рак и дека е на превентивна хемотерапија.

Сега, извор близок до кралското семејство открил за „Дејли мејл“ дека времето на објавување на видеото нема никаква врска со шпекулациите кои потенцијално би се појавиле поради нејзиното отсуство од велигденската миса.

Принцезата вусшност била принудена набрзина да го објави видеото затоа што некој ги дознал деталите за нејзината здравствена состојба. Палатата го подготвила соопштението откако се дознало дека непозната личност дознала сè за здравствената состојба на принцезата од Велс и има намера да разоткрие пред јавноста.

Како што открива изворот, личноста наводно ја контактирала палатата Кенсингтон во врска со дијагнозата на Кејт, што не им оставило друг избор освен да избрзаат со објавата за принцезата сама да проговори за своето здравје и да не дозволи информациите да протечат на друг начин.

Она што сè уште не е познато е дали непознатата личност навистина се обидела да го уценува кралското семејство или не. Исто така, не е познато дали оваа личност добила информации од кругови блиски до кралското семејство или од приватната лондонска болница, каде што Кејт направи операција на абдоменот.

Болницата започна истрага поради тврдењата дека доверливоста била нарушена додека Кејт била пациент.

„Сите во болницата се многу свесни за нашите лични, професионални, етички и законски должности во однос на доверливоста на пациентите. Ние сме исклучително горди на исклучителната грижа и дискреција што се стремиме да им ја пружиме на сите наши пациенти кои секојдневно ни ја даваат својата доверба. Во случај на какво било прекршување на системот, ќе бидат преземени сите соодветни истражни, регулаторни и дисциплински чекори. Во нашата болница нема место за оние кои намерно ја изневеруваат довербата на нашите пациенти или колеги“, изјавил претходно директорот на болницата Ал Расел.

ФОТО | Објавена никогаш видена фотографија од Кејт Милдон: Ја покажува принцезата во вистинското светло

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот