Израелска офанзива во Рафах може да предизвика масакр, предупредуваат ОН

Рафах / Фото EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Обединетите нации предупредија дека израелската копнена офанзива врз Рафах, во јужниот дел на Појасот Газа, може да доведе до масакр во областа, каде што живеат повеќе од милион луѓе.

Израел претходно ја соопшти својата намера да ги протера членовите на Хамас од нивните засолништа во Рафах.

– Воени операции во Рафах може да доведат до масакр во Појасот Газа и би можеле да ја доведат до пропаст и онака кревката хуманитарна операција. Ни недостасуваат безбедносни гаранции, средства за помош и персонал за да ја одржиме оваа операција, истакна шефот за хуманитарна помош на ОН Мартин Грифитс.

Меѓународната заедница предупреди на опасните последици од секаква израелска копнена инвазија на Рафах. Владата на Израел не може да продолжи да ги игнорира овие повици, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот