Израелска офанзива на Рафах би предизвикала несогледлива катастрофа, велат од СЗО

Рафах / Фото EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Светската здравствена организација (СЗО) денеска предупреди дека израелска воена офанзива врз Рафах во јужниот дел на Газа ќе предизвика „несогледлива катастрофа“ и ќе го доведе здравствениот систем на енклавата поблиску до раб на колапс.

– Воените активности во оваа густо населена област, се разбира, би биле несогледлива катастрофа и дополнително би ја прошириле хуманитарната катастрофа до незамисливи размери, потенцираше Ричард Пиперкорн, претставник на СЗО за Газа и Западниот Брег.

Тој додаде дека воените активности ќе го зголемат товарот на целосно преоптоварениот здравствен систем кој е веќе „на колена“ и ќе го турнат „на работ на колапс“.

Пеперкорн истакна дека способноста на СЗО да дистрибуира медицинска помош во Газа е ограничена бидејќи голем број од нејзините барања за набавки се одбиени.

Тој потенцираше дека од ноември само 40 отсто од мисиите на СЗО во северниот дел на Газа добиле одобрение од израелските власти, а таа бројка е значително намалена од јануари.

– Сите овие мисии се одбиени, спречени или одложени, рече Пеперкорн, додавајќи дека е „апсурдно“ што се одобрени само 45 отсто од барањата на СЗО за мисии во јужна Газа.

Израел претходно негираше дека блокира влез на помошт во палестинската енклава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот