Израел ќе ги затвори премините со палестинските територии на денот на изборите

Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Израелската армија утре ќе ги затвори сите гранични премини меѓу Израел, Западниот Брег и Појасот Газа за време на гласањето на парламентарните избори во земјата, јави агенцијата Анадолија.

Затворањето треба да започне во 00:01 часот по локално време и се очекува да трае до 23:59 часот.

Израелската армија соопшти дека граничните премини ќе бидат повторно отворени во зависност од проценката на ситуацијата.

Ваквите затворања се стандардна практика за време на еврејските празници и избори, за кои војската вели дека е мерка на претпазливост. Сите дозволи за влез а палестинските работници за време на затворањето се суспендирани.

Утрешните парламентарни избори во Израел ќе бидат петти за помалку од четири години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот