Израел ги повикува своите граѓани да го напуштат Египет и да не ги посетуваат земјите од Блискиот Исток

По денешниот инцидент во Египет израелскиот Совет за национална безбедност ги повика Израелците во Египет да ја напуштат земјата што е можно поскоро.

Во соопштението на својата веб-страница, Советот, исто така, бара од Израелците да се воздржат од патување во земјите од Блискиот Исток и други нации со предупредувања за патување.

Двајца Израелци и еден Египќанец беа убиени денеска во градот Александрија кога египетски полицаец отворил оган врз автобус со израелски туристи, соопшти египетското МВР.

Телевизискиот канал „Екстра њуз“, повикувајќи се на неименуван службеник на египетската служба за безбедност, објави дека во нападот е рането уште едно лице.

Според полицијата, напаѓачот е приведен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот