Изложба во „Ко-Ра“: Заемен дијалог со ликовни дела

Двојна изложба со дела од Петра Јовановска и Валентина Илијевска од 16 јуни е поставена во галеријата „Ко-Ра“ при Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје. Авторката Петра Јовановска се претставува со „Со кругот низ пејзажот“, додека Валентина Илијевска со „Во кругот на коцката“.

Изложбата ја отвори Виолета Калиќ, историчар на уметноста, која ја истакна релацијата помеѓу делата на двете уметници, кои остваруваат заемен дијалог. Посочувајќи ги многубројните дискурси и светогледи преку лексиката на симболите и концептуалноста, каде што поврзувачки елементи се колажот, рециклирањето и минимализмот во изразот, Калиќ ја нагласи многузначноста на одбраните симболи и многубројните значења во делата на двете авторки. Изложбата е поддржана од Град Скопје.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 36, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 20-21 јуни 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот