Излезе „Културен печат“ број 227 во весникот „Слободен печат“

Насловна страница на „Културен печат“ број 227

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 227, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (20-21.4.2024), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со Викторија Рангелова-Петровска, в.д. директорка на Драмски театар Скопје: Десетте новопримени актери се новото театарско гориво

– разговор со новинарката и филмски теоретичар Ана Василевска: Дискретен чувар на филмската меморија

– Mакедонскиот павилјон на 60. Венециско арт-биенале, со проектот „Inter Spem et Metum“ на ликовната уметница Славица Јанешлиева, е отворен во „Скуола деи Ланери“ во Венеција

– петтото издание на фестивалот „Крај Вардарот џез“ носи богата програма со храбра и оригинална музика

– изложбата „Првите благородници во Европа“ неодамна беше отворена во Канадскиот музеј на историјата во Гатино – Отава

– добитник на Гран-при за животно остварување на „Остен Биенале Скопје“ е италијанскиот уметник и теоретичар Микеланџело Пистолето (1933)

– македонскиот танчар и кореограф Бојан Мицев гостува на реномираниот танцов фестивал „Абрил ен данца“ (Abril en Danza) во Аликанте, Шпанија

– награда „Пегаз“ за романот „Риба во(н) мрежа“ од авторката Јована Матевска Атанасова: Најсилниот алгоритам, сепак, се љубовта и семејството

– издавачкиот центар „Три“ ја промовираше збирката есеи „Господ, па Америка“, нова книга на Румена Бужаровска

– промоцијата на книгата „Часовничарот“ од Трајче Кацаров се одржа во „Матица ексклузив“

– книгата „Си беше еднаш“, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, содржи внимателно селектирани 52 бајки од Ханс Кристијан Андерсен, Браќата Грим и Шарл Перо, спакувани во ново руво

– издавачот „Перун Артис“ од Битола ја објави новата детска поетска книга на Весна Мундишевска-Велјановска со наслов „Збрка во трка“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот