Излечен првиот фудбалер кој беше заразен со коронавирус

На интернет страницата на екипата на Пјанезе која се натпреварува во Серија Ц, објавено е дека еден нивен фудбалер целосно е излечен од коронавирусот.

– Болницата во Сиена пријави целосно заздравување на 23-годишен фудбалер. Тој веќе неколку дена нема никакви симптоми. Во последните 24 часа му беа направени два теста кои беа негативни – стои во соопштението на клубот.


Неименуваниот играч на Пјанезе беше првиот фудбалер што беше заразен со коронавирус во Италија и тоа кон крајот на февруари. Исто така коронавирус беше откриен и кај двајца негови соиграчи, како и кај уште еден вработен во клубот.

Екипата на Пјанезе моментно се наоѓа на претпоследното 19. место во групата А од Серија Ц. Пјанезе последниот официјален натревар го одигра на 23 февруари против младинскиот тим на Јувентус. Според последните информации, во Италија како последица од коронавирусот починаа дури 366 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот