Избрани идејни решенија за изградба на две нови градинки во Аеродром

Во Аеродром година ќе започне изградба на две детски градинки за кои веќе се избрани идејни решенијата, а нивната изградба е дел од големиот број инвестиции кои се планираат во општината за оваа година.

На крајот на минатата година распишавме јавен повик за избор на идејно решение. Комисијата која беше составена од искусни професионалци, направи селекција и ги избра најдобрите три решенија за двете детски градинки. Благодарам на сите оние кои се пријавија на јавниот повик на кој интересот беше навистина голем. Посебно ме радувам што на него учествуваа голем број млади, но и искусни архитекти – вели градоначалникот Тимчо Муцунски.

Според него, на овој начин се мотивираат архитектите да работат и да бидат креативни, но и да даваат професионален и експертски придонес за урбанизацијата на просторот во кој ќе растат децата од Аеродром.

Хуманото урбано планирање, особено за вакви капитални инвестиции, неопходно бара нивна поголема вклученост во овие процеси. Токму поради тоа и во реализацијата на останатите проекти остануваме отворени за предлозите и сугестиите на граѓаните и стручната јавност – смета Муцунски.

Со почетокот на изградбата на двете детски градинки, се става крај на деценскиот проблем со кој се соочуваат граѓаните на оваа општина, а решавањето на најважните локални проблеми, како што најавуваат од Аеродром, ќе биде фокусот и оваа година. Покрај двете градинки, во Буџетот за 2023 се предвидува и доградба на две основни училишта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот