Насловна корица на книгата објавена во Италија со поезија на Лидија Димковска

Избор поезија од последните две збирки на Лидија Димковска е објавен во Италија

Издавачката куќа „Ла вита феличе“ од Италија објави избор од поезијата на македонската поетеса Лидија Димковска во препев на италијански јазик на Ема Стефановска. Уредник на изданието е италијанскиот поет Томасо Ди Дио, добитник на наградата „Стрега“ за поезија.

Изданието содржи песни од последните две поетски збирки на Димковска со наслов „Црно на бело“ и „Гранична состојба“, а објавено е двојазично, на македонски и на италијански јазик.

Изданието ќе се промовира на меѓународниот книжевен фестивал и саем на книга „Порденонелеџе“ во Порденоне, Италија, на 20 септември, а италијанскиот дневен весник „Манифесто“ објави интервју со Лидија Димковска за нејзиното творештво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот