Италијански новинар прашува: По кој основ Фратези е подобар од Елмас?

Фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Новинарот Карло Алвино ја критикуваше италијанската јавност која на големо го претстави трансферот на Давиде Фратези од Сасуоло во Интер. Во критиките Алвино истакна и дека десетмина играчи како Фратези прават еден Елиф Елмас.

Елмас четири години го носи дресот на Наполи, а сезонава со овој клуб стгна до историското трето Скудето за Наполи, прво по 33 години. Елмас имаше учинок пд шест гола и три асистенции и според Алвино е потценет од медиумите.

„Фратези е претставен како шампион, но реалноста е дека технички десетмина Фратези прават еден Елмас. Проблемот е што Елмас нема такво внимание затоа што игра во Наполи и не се крева толку високо. Фратези и Елмас се млади, но Елмас и толку многу искуство зад себе во Наполи и репрезентацијата на Македонија.

„Зад себе Елмас има одлична сезона и тешко ми е да разберам зошто го сметаат за никој, а Фратези за шампион. Но, во Италија број еден спортски директор е Карневали (човекот од Милан), па затаоа е вака. Ако некој треба да собира почести тоа е Џунтоли, затоа што осум години работеше и никој глас не му слушна, но се што е околу Наполи има помала вредност. Сега отиде во Јувентус и значи дека повеќе вреди, за крај ќе повторам, по кој основа Фратези е подобар од Елмас?“, порача Алвино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот