Италијански град кој ја има највкусната храна во светот

Фото: Kevin George / Alamy / Alamy / Profimedia

Многумина ја сметаат Италија за вистинското гурманско средиште. И додека Италијанците, во зависност од градот каде што живеат, би се заколнале дека нивното место е центар на највкусните задоволства, се чини – еден град во оваа земја сепак е „залче“ пред останатите.

Имено, читателите на најпознатиот портал за патувања „Конте наст травелер“ ја избраа Болоња како „највкусен“ град во светот.

Фото: Kevin George / Alamy / Alamy / Profimedia

Болоња е главен град на италијанскиот округ Емилија-Ромања, која стручниот тим на „Лонли планет“ ја нарече „гастрономски рај на Земјата“. Оттука потекнуваат пармезанот, мортаделата, пршутата од Парма и балсамико оцетот. Овој град е нарекуван и „La Dotta“ – „научен“, „La Rossa“ – „црвен“ (алузија за архитектурата во стариот дел на градот), но и „La Grossa“, што во превод значи – „дебелката“.

Во Болоња првпат се направени лазањите, болоњските тортелини и шпагетите „Болоњезе“. Готвачите овде се посветени на најдобрите можни состојки, одгледани или произведени во оваа област, сезонски, како и оние произведени со што е можно помало човечко влијание.

Фото: Nicolas De Corte / Alamy / Alamy / Profimedia

И, додека многумина брзаат во други италијански градови – Рим, Милано, Венеција итн., Болоња честопати е потценета. Тоа го покажува и податокот дека во 2019 година забележал бледи 1,5 милиони посетители, додека гореспоменатите градови привлекуваат над 10 милиони луѓе годишно.

Помалиот број на посетители е она што ја прави посебната атмосфера во овој град, како и односот кон туристите. Имено, рестораните секогаш се трудат да го дадат својот максимум за да им угодат на своите гости.

Сѐ ова можеби придонесе Болоња да биде „повкусна“ од сите други градови во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот