Италија ја тресе нов „калчополи“: Полицијата бара таен документ за финансиските малверзации на Роналдо и Јувентус

Роналдо и Јувентус се наоѓаат под истрага на италијанските власти/ фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Финансиската полиција во Италија е во потрага по документ со кој се докажуваат малверзациите на Јувентус и на Кристијано Роналдо.

Според италијанските медиуми, тој документ содржи скриени детали околу трансферот на Португалецот во Манчестер јунајтед кој се случи во летниот преоден рок.

Причината зошто овој документ е толку важен е поради сомнежите дека Јувентус преку трансферот на Роналдо „ги испеглал“ финансиските книги за да пријави оперативна загуба од 209 милиони евра, наместо 240 милиони евра.

Обвинителството за документот дознало така што ги прислушувало разговорите на луѓето од Јувентус со соработниците.

Кориере ди Торино“ тврди дека е пресретнат телефонски разговор помеѓу спортскиот директор на Јувентус, Федерико Керубини и клупскиот адвокат Чезаре Габазија. На споменатиот разговор може да се слушне дека адвокатот тврди дека разговарал со претседателот на Јувентус за извршување на лажна трансакција која „не би ја поминала границата“ и тој потег не би помогнал многу околу пеглањето на книгите. Надовно, разговорот се однесувал за трансферот на Роналдо во Манчестер јунајтед.

Јувентус при трансферот на Роналдо во Јунајтед за 15 милиони евра и осум милиони во бонуси, „изнел податоци кои се поинакви од реалноста“.

Весникот „Газета дело Спорт“ пред неколку дена објави дека јавен обвинител ќе го повика Кристијано Роналдо на испитување за случувањата во Јувентус, што во дел од јавноста ги пробуди сомнежите дека и Португалецот на некој начин е поврзан со финансиските малверзации во „старата дама“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот