„Исузи“ купува подружница на „Волво“ во Јапонија

Јапонската компанија „Исузи“ планира да ја купи UD Trucks, јапонската подружница на шведскиот производител за тешки товарни возила „Волво“, како дел од стратешкото поврзување меѓу двете компании, кои се фокусирани на споделување технологии за електрични и високо автоматизирани камиони.

Стекнувањето ќе го забрза растот преку поголем обем и дополнителен капацитет, објавија денеска двете компании.

Вкупната вредност на „UD Trucks“ на крајот на ноември беше проценета околу 250 милијарди јени или (2,3 милијарди долари).

Посебната соработка ќе биде поврзана со електрични и високо автоматизирани камиони.

Според потпишаниот необврзувачки договор, соработката ќе вклучува технолошко партнерство, особено во сегментот на електрични и високо автоматизирани камиони.

-Гледаме голем потенцијал за проширување на нашата технологија, продажба и соработка со услугите- рече извршниот директор на Волво груп, Мартин Лундстет.

Претседателот и претставникот на „Исузи моторс лимитед“, Масанори Катајама, ги истакна потенцијалните синергиски ефекти, но и можностите што ги нудат различните производи и географскиот обем на двете компании.

-Договорите за обврзување треба да бидат потпишани на среден рок, а трансакцијата би требало да биде завршена до крајот на следната година. Компаниите исто така мора да добијат регулаторни одобренија- се вели во заедничката изјава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот