Истражување за случаите на фемицид „Невидливи убиства”

Profimedia семејно насилство
Партнерско насилство. / Фото: Profimedia

Тимот на Националениот совет за родова рамноправност (НСРР) денеска ќе го промовира истражувањето на тема „Невидливи убиства” за случаите на фемицид во земјава, на Бојана Јовановска, во рамки на проектот „Визија, мисија и стратегија” на НСРР, поддржан од Делегација на Европската унија во Скопје.

Фемицидот претставува убиство на жена затоа што е жена и е најекстремната манифестација на насилство врз жените, која најчесто е резултат на континуирана изложеност на насилство, при што сторителите се најчесто интимни партнери, членови на семејството или други лица познати на жртвата, информираат од НСРР.

Имајќи ја во предвид тежината и важноста на оваа тема, како што велат од НСРР истражувањето цели кон зголемување на јавната свест за фемицидите, создавање на соодветна база на податоци, што претставува основа за креирање на соодветни политики и закони за превенција како и анализа на студии на случај на фемициди во нашата држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот