Истражување на ИФО: Германците и по пандемијата повеќе сакаат работа од дома

канцеларија
Работен простор / Фото: Архива на Слободен печат

Германските канцеларии се празни бидејќи вработените работат на далечина повеќе отколку пред пандемијата, се наведува во најновиот извештај на Институтот за економски истражувања ИФО во Минхен.

Во моментов, 12,3 отсто од работните места во канцелариите се недоволно искористени на дневна основа бидејќи вработените работат на далечина. Пред пандемијата, во 2019 година, оваа бројка беше само 4,6 проценти, истакна Симон Краузе од ИФО.

Според тие податоци, произлегува дека бројот на неискористени работни места во канцелариите е практично тројно зголемен од 2019 година.

Речиси во сите сектори е регистрирано зголемување на неискористени работни места во споредба со 2019 година. Така во услужниот сектор бројот на неискористени работни места на дневна основа е зголемен од 6,2 отсто на 16,8 проценти, во производството од 3,1 отсто на 9,6 проценти во трговијата од 3,2 отсто на 5,8 проценти и во градежништвото од 1,7 отсто до 2,5 проценти.

И канцелариите на компаниите кои се занимаваат со рекламирање и истражување на пазарот, како и во фармацевтската индустрија, ИТ сферата и менаџмент консалтинг се речиси празни.

Краузе тврди дека празните канцеларии вршат дополнителен притисок врз пазарот на недвижности, а исто така влијаат и на помалиот профит во продавниците за малопродажба во центарот, каде што обично се наоѓаат седиштата на компаниите.

Неодамнешното истражување на ИФО покажа дека 24 отсто од вработените во Германија во април работеле од дома.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот