Истражување: Германија „најпримамлива“ за Македонците кои решиле да се иселат

фото: EPA images, Germany

Во потрага по подобар живот, повисок стандард и поголеми плати, Македонците можат цел свој живот да го спакуваат во неколку куфери и да купат билет во еден правец. Додека политичарите ветуваат дека ќе ги врателе младите дома, а токму оваа тема станува се по актуелна во пресрет на изборите, алармантни податоци покажа истражувањето на „Алма Кариер“.

Македонците кои имаат високи плати и високо образование се најподготвени да ја напуштат земјата. Според истраажувањето спроведено во 13 земји од Источна Европа, Македонците најмногу размислуваат да се иселат заради подобра работа.

28% од испитаниците одговорите дека најчестиот мотив поради кој би се иселиле е подобра работа, односно подобра плата. Македонците во најголем број од случаите ја одбираат Германија, потоа на листата се Швајцарија и Словенија.

Истражувањето беше спроведено во период од 1 ноември 2023 година до 31 јануари 2024 година во 13 земји – Босна и Херцеговина, Бугарија, Чешка, Хрватска, Естонија, Финска, Латвија, Литванија, Македонија, Полска, Србија, Словачка и Словенија – а истражувањето е направено со цел да се утврди колку луѓе се подготвени да се исепат за подобра работна можност.

Врз основа на пописот, Државниот завод за статистика изготви проекции, според кои, до 2070 година населението во Македонија би се намалило за дури 35%, односно, од сегашните 1.8 на 1.2 милиони жители.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот