Истражување: Научниците претворија пластични шишиња во ванила

Пластични шишиња биле претворени во арома на ванила со употреба на генетски инженирани бактерии. Oва е првпат да се изведе вредна хемикалија од отпадна пластика. Пренаменување на пластични шишиња во попрофитабилни материјали може да го направи процесот на рециклирање далеку попривлечен и поефикасен.

Во моментов пластиката губи околу 95% од нејзината вредност како материјал со еднократна употреба. Поттикнувањето на подобро собирање и употреба на ваквиот отпад е клучно за справување со глобалниот проблем со загадување од пластика.

Истражувачите имаат веќе развиено мутантни ензими за разградување на полиетиленскиот терефталат полимер (што се користи во шишињата од пијалаци) во неговите основни единици – терафтална киселина или „TA“. Научниците користеле инсекти за да ја претворат „TA“ во ванилин.

Ванилин се користи широко во индустријата за храна и козметика и е важна хемикалија за производство на лекови, производи за хигиена и хербициди. Глобалната побарувачка расте и во 2018 година изнесувала 37 000 тони, што е далеку поголема од производството добиено од природни зрна ванила. Околу 85% од ванилин во моментов се синтетизира од хемикалии добиени од фосилни горива.

unsplash

„Ова е првиот пример на употреба на биолошки систем за пренаменување на пластичен отпад во вредна индустриска хемикалија и има многу возбудливи импликации за циркуларната економија“, вели Џоана Садлер, од „Универзитетот во Единбург“, која го спроведе новиот процес.

„Нашиот процес ја оспорува перцепцијата дека пластиката е проблематичен отпад и во замена на тоа ја демонстрира неговата употреба како нов ресурс на јаглерод од кој може да се направат производи со висока вредност“, изјави Стивен Валис, исто така од „Универзитетот во Единбург“.

Околу 1 милион пластични шишиња се продаваат секоја минута низ целиот свет и само 14% се рециклираат. Во моментов дури и оние шишиња што се рециклираат може да се претворат само во нетранспарентни влакна за облека или теписи.

Истражувањето, објавено во списанието „Green Chemistry“, користело инженерски „E. coli“ бактерии за трансформација на „ТА“ во ванилин.Научниците загреваа микробиолошка „супа“ на 37 целзиусови степени дневно – истите услови како и за подготовка на пиво“, рече Валис. Ваквиот процес претворил 79% од „ТА“ во ванилин.

pixabey

Во иднина, научниците планираат дополнително да ги изменат бактериите за да ја зголемат стапката на конверзија уште повеќе. „Сметаме дека можеме да го направиме тоа многу брзо. Имаме неверојатен роботизиран објект за собирање ДНК овде “, вели Валис. Тие исто така ќе работат на зголемување на процесот за пренаменување на поголеми количини на пластика.

„Ова е навистина интересна употреба на микробиолошка наука за подобрување на одржливоста. Користењето микроби за пренаменување на отпадна пластика која е штетна за животната средина во важна стока е извонредна демонстрација на зелената хемија“, рече Елис Крафорд, од „Royal Society of Chemistry“.

Најновите истражувања покажаа дека шишињата се втор најчест вид на пластично загадување во океаните, по најлонските кеси. Во 2018 година, научниците случајно создадоа мутантен ензим кој ги разложува пластичните шишиња, а последователната работа произведе супер-ензим кој јаде пластични шишиња уште побрзо,  пренесува „The Guardian“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот