EPA/EDDY RISCH

Историјата на Вимблдон: Денот кога Шарапова ја шокира Серена и ја освои титулата

Денеска започна најценетиот и најпознат тениски турнир во светот, Вимблдон, а на денешен ден во 2004 година се играше женското финале на овој турнир, кое имаше неочекуван исход

Руската тениска ѕвезда Марија Шарапова на денешен ден во 2004 година ја освои својата прва грен-слем титула победувајќи ја Серена Вилијамс во финалето на Вимблдон.

Шарапова тогаш имаше само 17 години. Таа во финалето беше подобра од фаворизираната Серена Вилијамс (6-1, 6-4). Вилијамс тогаш трета година по ред се појави во финалето на Вимблдон, турнир на кој дотогаш немаше пораз.

Во 2002 и 2003 година таа ја победи својата постара сестра Винус за да ја освои титулата. Но, тогаш се соочи со поинаков противник.

Тој ден Шарапова стави крај и на споредбите со поранешната руска ѕвезда Ана Курникова, која никогаш не освои голема титула и покрај нејзината невидена популарност, а стана и една од најпопуларните и највносни спортистки во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот