Истече јавниот повик на Град Скопје за субвенции за тротинети, продолжува повикот за велосипеди

Електричен тротинет Скопје
Жена со електричен тротинет на плоштад „Македонија“ во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Јавниот повик за субвенции на електрични тротинети што го распиша Град Скопје заврши, а аплицирањето за субвенции за набавка на велосипеди сѐ уште е во тек.

За електричните тротинети, средствата што Градот Скопје ги субвенционира се во износ од 30 проценти од вредноста на еден тротинет, но не повеќе од осум илјади денари по човек, со вклучен персонален данок на доход.

Средствата што Градот Скопје ги субвенционира за велосипеди се во износ од 50 проценти од вредноста на велосипед, но не повеќе од четири илјади денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Како што денеска соопшти Град Скопје, на минатата седница на Советот е донесена и одлука за субвенционирање на млади лица за набавка на електрични тротинети и велосипеди. Со одлуките за првпат се предвидуваат субвенции за млади лица на возраст до 29 години, кои се жители на Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот