Исчистени диви депонии во Карпош, Чаир и Кисела Вода

Фото: ЈП „комунална хигиена“

Неделава еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“ врши надзор врз неколку микролокации на улицата Петар Манџуков во скопската општина Бутел, каде што е забележано континуирано непрописно одлагање отпад на јавни површини. Оттаму информираат дека се реализирани едукативно-информативни активности со повеќе лица коишто се забележани при кршење на Законот за јавна чистота, кои фрлале ѓубре надвор од контејнери.

Во три општини пак, се исчистени неколку диви депонии, од каде се подигнати вкупно 45 кубни метри отпад – во близина на Македонска куќа во општината Карпош, на улицата Славеј Планина во општината Чаир, како и на повеќе локации во општината Кисела Вода.

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ деновиве го подигнуваа и го транспортираа и селектираниот отпад од специјалните садови наменети за одлагање стакло, картонска и пластична амбалажа, поставени на територијата на Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот