Иранскиот Парламент ги постави условите за обнова на нуклеарниот договор

Фото: EPA-EFE

Мнозинството ирански парламентарци денеска се согласија за условите што треба да се исполнат ако Техеран повторно се приклучи на нуклеарниот договор со светските сили од 2015 година, јави официјалната новинска агенција ИРНА.

Вкупно 250 од 290 пратеници на Иран се согласија дека САД и европските земји кои учествуваат во преговорите треба да гарантираат дека нема да се повлечат од обновениот договор и оти нема да иницираат „механизам за нагло повлекување” од договорот.

Исто така, пратениците во иранскиот Парламент бараат укинување на сите американски санкции и транспарентен процес со кој ќе може да се проверат овие мерки.

Индиректните разговори меѓу Иран и САД за заживување на нуклеарниот договор продолжија минатата недела по десетдневна пауза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот