Иран ги стави во функција нуклеарните центрифуги и го закопа договорот за не ширење на атомско оружје

Иранскот претседател, Хасан Рохани, потврди дека Иран започнува со активирањето на центрифугите за збогатување на ураниумот.

Со овој потег исламската влада во Техеран и официјално најавува дека целосно ќе се повлече од нуклеарниот договор склучен со меѓународната агенција за не ширење на нуклеарано оружје.

Вашингтон овој потег на Иран го оцени како „голем чекор во погрешна насока“.

Предупредувања стигнаа и од Европа пред се од Велика Британија, која иранскиот потег го оцени како закана за националната безбедност.

На овој потег Иран се одлучи откако минатата година, САД се повлекоа од договорот обвинувајки го Иран дека тајно развива атомско оружје и дека е на чекор од производство на проектили со нуклеарани боеви глави.

Со најновите чекори Иран се обидува да изврши притисок врз Европа барајки од европските земји да се придржуваат кон своите обврски преземени околу низа економски прашања пред се околу набавката на иранска нафата.

Од друга страна, со повлекувањето на САД од договорот и обвинувањето дека тајно развива нуклеарно оружје, Иран се најде под санкции на западните држави и со закана од воена интервенција.

Засега ваквото сценарио е попречено од останатите две свестки супер сили Кина и Русија кои како постојани земји членки во Советот за безбедност на ОН ставаат вето на евентуалната одлука, воена интервенција врз Иран да биде изведена  со согласност на светската организација.

Дополнителен проблем околу заедничката политика на меѓународната заедница кон Иран е и настојувањата на одредени европски држави пред се Германија и Франција кои сакаат да се надмине проблемот и да продолжат да ја купуваат ефтината и квалитетна иранска нафта, што со санкциите наметнати од САД, засега не е можно.

Проблемот околу иднината на Иран многу ќе зависи и од тоа колку брзо и во колкава мерка Иран ќе стане атомска сила.

Проценките на западот се дека доколку се докаже дека Москва стои зад целиот процес на нуклеаризација, Персијскиот залив би можел многу брзо да стане подрчје на тензии и на нова студена војна на светските супер сили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот