Инвеститорите сега претпочитаат европски наместо американски акции

Долари и евра/ Фото: schiffgold.com

Хаосот во банкарскиот систем во САД ги надмина стравовите и на најголемите песимисти. Повод за големата финансиска криза во 2008 година беше колапсот на американската инвестициска банка Леман брадерс, која пропадна практично преку ноќ.

И предизвика спектакуларен хаос чии опашки се влечеа со години. Иако кризата започна од другата страна на Атлантикот, таа им нанесе многу поголема штета на финансиските институции на Стариот континент, откривајќи бројни невралгични точки во билансите на европските банки.

Недолго потоа, веќе разнишаната позиција на европските банки дополнително беше разнишана од должничката криза, со што на прв план ги стави номинално сигурните државни обврзници на членките на монетарната унија.

Резултатот од неколкугодишниот хаос, зачинет со цела серија скандали поврзани со најголемите играчи (и соодветните реакции на регулаторите), беше целосно губење на довербата на инвеститорите во европскиот банкарски сектор. Оваа криза на доверба од огромни размери најдобро се илустрира со два факти.

Прво, цената на акциите на бројни европски банки со години е пониска од книговодствената вредност, во страв од креативно сметководство и можни нагазни мини скриени во билансите. Или во (груб) превод, мнозинството инвеститори дури и не веруваат во вреднувањата на банките потпишани од ревизорите (а камоли да фантазираат за некаков иден потенцијал за раст). И второ, недовербата јасно се изразува со движењето на цените на акциите, за оваа прилика обликувано од перформансите на индексот Стокс 600 Банкс, анализира Пословни хр.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот