Интернешнл СОС: Македонија е безбедна земја

Фото: Принскрин

Македонија е земја со низок ризик во однос на климатските, медицинските и безбедносните промени, покажува мапата на медицинскиот и безбедносен консулатнт Интернешнл СОС. Најбезбедни земји се сите во Европа: Исланд, Луксембург, Норвешка, Швајцарија и Данска.

Мапата проценува различни фактори за да ги информира патниците и бизнисите за потенцијалните закани во земјите ширум светот. Ги собира проценките на здравствениот и безбедносниот ризик, како одраз на влијанието на настаните како што се тековниот конфликт во Украина и војната меѓу Израел и Хамас. Оваа година за прв пат мапата, вклучува и оценки врз основа на опасностите од климатските промени. Земјите се оценети за секоја ризична категорија – медицински, безбедносни и климатски промени – на скала од пет нивоа која се движи од „ниско“ до „многу високо“ за медицински и климатски промени и „незначително“ до „екстремно“ за безбедност.

Од друга страна Јужен Судан, Авганистан, Сирија, Либија и Сомалија се прогласени за најризични земји за 2024 година, според Интернешнл СОС. Во категоријата „безбедност“, Украина, Сирија, Ирак, Авганистан, Либија, Јемен, Јужен Судан, Централноафриканската Република и Сомалија добија највисоко ниво на предупредување „екстремно“.

Делови од Либан, Палестина и Русија забележаа зголемување на безбедносниот ризик, заедно со Еквадор и делови од Колумбија по зголемувањето на криминалот и немирите. Во категоријата „медицина“, земјите означени како „многу висок“ ризик се Сирија, Ирак, Авганистан, Јемен, Северна Кореја, Палестина, Хаити, Либија, Нигер, Буркина Фасо, Гвинеја, Гвинеја-Бисао, Сиера Леоне, Либерија, Судан, Јужен Судан, Централноафриканска Република, Еритреја, Бурунди и Сомалија, пренесува Kликс.ба.

Земји со „многу висок“ ризик во категоријата за климатски промени се: Сирија, Ирак, Авганистан, Јемен, Чад, Нигер, Мали, Нигерија, Централноафриканската Република, Јужен Судан, Етиопија, Сомалија, Демократска Република Конго и Мозамбик. Кога станува збор за Србија, тоа е означено со жолта боја, што укажува на среден ризик во категоријата „медицина“, а во категоријата безбедност Србија доби оцена „низок“ ризик. Во категоријата климатски промени е означена како низок ризик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот