Иницијатива „Дрво на пријателството”: Засадување на 400 дрвја во Скопје, Белград, Приштина, Тирана, Подгорица и Сараево

Европскиот фонд за Балкан (ЕФБ) денеска истовремено во Скопје, во Белград, во Приштина, во Тирана, во Подгорица и во Сараево, ќе започне со иницијативата „Дрво на пријателството” со садење на 400 дрвја.

Ко-организатори на настанот во Скопје се македонската компанија Treebanks, заедницата на еко-активисти „Скопје Смог Аларм“ и платформата AirCare (Мој Воздух), кои ќе засадат 60 дрва од видот платан во Општина Аеродром, во паркот на булевар „Србија” спроти полициската станица во Аеродром.

Организаторите се одлучија за оваа акција со цел да се подигне свеста за проблемот со аерозагадувањето. Минатата година, Скопје и многу градови во регионот беа на врвот на листите на најзагадени градови во светот, а садењето дрва е еден од наједноставните и најважни чекори во борбата за чист воздух.

– Сметаме дека се потребни конкретни акции и иницијативи на локално и регионално ниво за зелено заздравување после пандемијата со корона вирусот. Потребно е трансформација на градовите преку инвестиции во подобра инфраструктура за пешаци и велосипедисти, инвестиции во обновливи извори на енергија, урбано планирање фокусирано на заштита на животната средина, велат од „Скопје Смог Аларм“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот