Инфлуенсер починал откако во пренос во живо испил четири шишиња кинеска вотка

Фото: Принтскрин/Доуџин/Тик-ток

Инфлуенсерот познат како Санкианге почина на 34 години, откако испил повеќе од четири шишиња баиџиу, таканаречената кинеска вотка, во текот на директен пренос на кинеската верзија на Тик-ток – Доуџин, пишува „Си-ен-ен“.

На видеото на кинескиот Тик-ток може да се види како инфлуенсерот пие едно шише по друго без да застане, а подоцна тоа попладне е пронајден мртов на маса во домот на пријател.

Еден пријател на инфлуенсерот, по презиме Жао рекол дека во тоа време повеќе од 100 луѓе се пријавиле во онлајн просторот за разговор за да го следат потфатот на инфлуенсерот. Тој, исто така, рекол и дека Санкианге започнал со преносите во живо откако неговиот бизнис потфат пропаднал пред четири години и се специјализирал за онлајн натпревари во кои учесниците се обидувале да се надминат едни со други во пиење баиџиу.

Друго видео кое кружи на интернет од претходнитот емитување покажува дека Санкианге истура две шишиња баиџиу во огромна чаша за вино што ја кренал со двете раце пред да ја испие целата. Жао рекол дека Санкианге неодамна започнал да емитува преноси во живо од соба која му ја дал еден пријател откако добил поплаки за бучава од неговите соседи.

Фото: Принтскрин/ sanqian9237/Douyin

Програмата на кобниот пренос во живо се одвивала без никакви очигледни проблеми и ниту еден учесник не пријавил никаква загриженост. Меѓутоа, кога пријателот на Санкианге се вратил дома подоцна истиот ден, го нашол неподвижен и без пулс.

„Многу е тажно што починал сам“, рекол Жао.

Смртта на инфлуенсерот предизвика различни коментари на социјалните мрежи.

„Сето тоа го прават за гледаност и награди“, напишал еден од коментарите.

„Какви луѓе уживаат да гледаат такви глупави потфати на инфлуенсери?“ прашал друг.

Инаку, инфлуенсерот учествувал на натпревар наречен „PK“ во кој се натпреварувал против друг инфлуенсер. Победникот на предизвикот добива подароци од гледачите, а губитникот на предизвикот се казнува.

По овој трагичен настан видеото од нивното натпреварување е избришано од оваа социјална мрежа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот