Инаугурацијата на Бајден ќе претставува „виртуелна парада“

Фото: Профимедиа

Инаугурацијата на избраниот претседател на САД, Џо Бајден ќе претставува „виртуелна парада” бидејќи се уште во сила е забраната за масовни собири поради пандемијата со ковид-19, соопштија денеска организаторите на церемонијата.

По заклетвата во западното крило на Капитол Хил, Бајден и неговата сопруга, идната прва дама Џил, ќе им се придружат на потпретседателката Камала Харис и нејзинито сопруг во источното крило, каде традиционално се одржува воена парада, при што задолжителна ќе биде физичката дистанца.

Бајден ќе биде следен од традиционалната претседателска придружба составена од претставниците на секоја воена единица од 15 улица во Вашингтон до Белата куќа.

Претседателскиот инаугурациски комитет соопшти дека „целата парада ќе биде во согласност со рестриктивните мерки, што ќе овозможи Американците и светот да ги видат историските слики од 46. претседател како влегува во Белата куќа без присуство на симпатизерите”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот