Фото:Freepik

Имаат бурни и драматични врски, a самотијата е нивно засолниште: Жените родени во овој знак најчесто остануваат немажени

Станува збор за жена Јарец. Нејзиниот став кон животот е реален. Таа сака конзистентност. Ги цени само оние луѓе кои имаат одредени вредности во согласност со нејзините мисли. Во животот, таа не сака да губи време на несериозни или безвредни ситуации. Таа е реалист и одличен организатор.

Во бизнисот, како и во животот, не сака на кој било начин да го привлекува вниманието на другите. Работи дискретно и вредно како мравка. Самотијата е нејзиното засолниште. Не може да се каже дека е голем оптимист, животот за неа е нешто многу сериозно. Од него не очекува голема радост и не верува во никакви чуда.

Жената Јарец не е лесно да се освои. Кај неа љубовта не може да дојде како гром од ведро небо. Жените Јарец ретко доживуваат голема љубов. Кога сака, поточно, кога ќе реши да признае, тоа најчесто се случува по долго запознавање со маж. Љубовта со неа, полека се раѓа.

Ниту времето, ниту физичката разделба не можат да ја нарушат нејзината љубов. Сепак, нејзиниот партнер мора да биде максимално трпелив. Жените Јарец често се мажат кога ќе станат полнолетни, повеќе од разум отколку од страст.

Познати жени родени во знакот Јарец се Весна Змијанац, Емина Јаховиќ, Дубравка Мијатовиќ, Бранка Катиќ, Весна Дедиќ, Лепа Лукиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот